Астраион успешен против Преспа Вардар

Екипата на Астраион забележа победа против тимот на Преспа Вардар со конечни 26-21 во натпревар од Првата лига.

Астраион со добра одбрана успеа да му парира на тимот од Ресен, па на крај да слави победа.

Најефикасен во тимот на Астраион беше Кире Георгиев со десет гола, додека кај екипата на Преспа Вардар најефикасни беа Раде Ќосевски и Александар Филиповски со по пет гола.

(фото – Рк Астраион)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.