Урош Борзаш: Пред домашната публика можеме да парираме и да се бориме до крајот

Екипата на Еурофарм Пелистер ја очекува натпревар на домашен терен во Лигата на шампионите против екипата на Кил.

За овој натпревар, своја изјава имаше и ракометарот на Еурофарм Пелистер, Урош Борзаш.

“Кил е секогаш Кил, но не треба да влеземе во натпреварот со преголемо почитување. Тие се светска екипа и освојуваа многу титули. Треба да се бориме до крај и да се обидеме да извлечеме добар резултат, ако тоа е возможно. Пред домашната публика, која е меѓу најдобрите во светот, можеме да парираме и да се бориме до крајот”, – изјави Урош Борзаш.

(фото – Рк Еурофарм Пелистер)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести