Тинекс Пролет експресно се врати на победите во Супер лигата откако без посериозни проблеми славеше над составот на Мулти Есенс со 32-27.
Мечот мина во апсолутна доминација на избраниците на тренерот Лембанов, кои само потврдија дека и квалитетот и искуството се на нивна страна и заслужено прокнижија нови бодови на табелата.
Најефикасен во редовите на Тинекс Пролет беше Давор Палевски со шест гола, додека кај екипата на Мулти Есенс најефикасен беше Олег Јорданов со 12 гола.
(фото – Рк Тинекс Пролет)📷