Со цел да им излезе во пресрет на многубројните барања на навивачите, Вардар 1961 пушта во продажба сезонски билет за сите домашни натпревари на „црвено-црните“.
Со еден билетот во сезоната 2023/2024 ќе може да се следат домашните натпревари од првенството на Македонија (групна фаза и разигрување), Куп натпреварите на кои е домаќин Вардар, како и мечевите од СЕХА лигата.
Цената на сезонскиот билет за сите натпревари на Вардар 1961 е 1.200 денари. Сезонските билети ќе бидат заменети со пластифицирани картички кои ќе важат цела сезона.
(фото – Рк Вардар 1961)📷