Ѓорче Петров славеше во дербито со Металург Автокоманда

Тимот на Ѓорче Петров славеше во дербито со екипата на Металург Автокоманда со конечен резултат 30-23.

Екипата на Ѓорче Петров од почетокот на натпреварот го имаше водството, па на пауза замина со предност од 17-11.

Металург Автокоманда се обидуваше да се врати, но не доволно за победа против екипата на Ѓорче Петров.

Најефикасна во тимот на Ѓорче Петров беше Ана Марија Коларовска со седум гола, додека кај екипата на Металург Автокоманда најефикасна беше Теодора Гулицоска исто така со седум гола.

(фото – ЖРК Ѓорче Петров)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести