Реми помеѓу Скопје 2020 и Куманово во Супер лигата

Екипите на Скопје 2020 и Куманово одиграа нерешено со конечен резултат 25-25 во 5. коло од Супер лигата.

Куманово на полувреме имаше предност од 13-11. Во второто полувреме двете екипи одиграа добро, па на крајот натпреварот заврши нерешено.

Најефикасен во тимот на Скопје 2020 беше Давор Шокоски со осум гола, додека кај екипата на Куманово најефикасен беше Јован Даневски со девет гола.

(фото – Рк Скопје 2020)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.