Тимот на Вардар забележа убедлива победа на гостувањето кај екипата на Гевгелија со резултат 37-16.
На овој натпревар шанса добија сите ракометарки во составот на Вардар, а победата беше обезбедена уште на полувреме, кога тимот имаше водство од 18-8.
Најдобар стрелец во тимот на Вардар беше Ивона Трпевска со шест гола, додека кај екипата на Гевгелија најдобар стрелец беше Елена Димова со четири гола.
(фото – ЖРК Вардар)📷