Реми помеѓу Скопје и Стружанка

Екипите на Скопје и Стружанка одиграа нерешено со резултат 27-27 во натпревар од Женската Супер лига.

Тимот на Скопје во текот на целиот натпревар не се предаваше, па на крај успеа да избори реми против Стружанка.

Најефикасни во тимот на Скопје беа Наталија Максимовска и Нина Неделковска со по седум голови, додека кај екипата на Стружанка најефикасни беа Бојана Јованоска и Теодора Маркоска исто така со по седум голови.

(фото – ЖРК Скопје)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести