Екипата на Ѓорче Петров ги освои бодовите во натпреварот со Спартак, откако триумфираше со резултат 41-27.
Тимот на Ѓорче Петров од почетокот на натпреварот диктираше темпо, па така немаше проблеми околу победата против Спартак.
Најефикасни во тимот на Ѓорче Петров беа Емилијана Ризоска и Катерина Дамјановска со по шест гола, додека кај екипата на Спартак најефикасна беше Ангела Гроздановска со 12 гола.

(фото – ЖРК Ѓорче Петров)📷