Екипата на Младост Богданци ја оствари најубедливата победа во Првата лига, откако на домашен терен го совлада тимот на Борец со високи 54-6.
Тимот на Младост Богданци на полувреме имаше предност од 29-0, додека тимот на Борец голови почна да постигнува дури во второто полувреме.
Најефикасен во тимот на Младост Богданци беше Стамен Гогов со 13 гола, додека кај екипата на Борец најефикасен беше Кирил Црнушев со два гола.
(фото – Рк Младост 1977 Богданци)📷