Еурофарм Пелистер доби сертификат за бонитетна извонредност и спаѓа во групата на компании со најдобра бонитетна оцена во земјата.
Сертификатот за бонитетна извонредност претставува официјално признание за постојано и сигурно деловно работење. Истражувањата на пазарите покажуваат дека носителите на CompanyWall Business сертификати работат постабилно, прогресивно постигнуваат одржлив успех и се препознаваат меѓу себе на национално и меѓународно ниво.
Компаниите кои го поседуваат сертификатот формираат деловна мрежа од најуспешните во земјата и регионот и работат рамо до рамо со конкурентите од државите од Централна Европа.
Сертификацијата и бонитетните извештаи придонесуваат за развојот на финансискиот пазар во земјата и се важни за полесно ориентација и утврдување на прецизната финансиска состојба во земјата. Исто така, тие им помагаат и на инвеститорите да можат пообјективно да ги согледуваат, како стабилните, така и несигурните аспекти на економските структури во државата.
(фото – Рк Еурофарм Пелистер)📷