Еурофарм Пелистер загуби од ПСЖ во Лигата на шампионите

Екипата на Еурофарм Пелистер загуби на гостувањето кај екипата на ПСЖ со резултат 31-26 во натпревар од Лигата на шампионите.

Тимот на ПСЖ на пауза имаше предност од 15-12, иако Еурофарм Пелистер добро парираше сепак тимот од Франција ги освои бодовите.

Најефикасни во тимот на Еурофарм Пелистер беа Урош Борзаш и Жарко Пешевски со по пет гола, додека кај екипата на ПСЖ најефикасен беше Камил Шипжак со седум гола.

(фото – Рк Еурофарм Пелистер)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.