Еурофарм Пелистер 2 го декласира тимот на Куманово

Екипата на Еурофарм Пелистер 2 им се врати на победите, откако на домашен терен ја совлада екипата на Куманово со резултат 38-29.

Тимот на Еурофарм Пелистер 2 од почетокот на натпреварот имаше контрола на резултатот, па така стигна до победа против Куманово.

Најефикасен во тимот на Еурофарм Пелистер 2 беше Симон Мирчески со осум гола, додека кај екипата на Куманово најефикасен беше Дарио Симоноски со седум гола.

(фото – Рк Еурофарм Пелистер 2)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.