Кадетите на Куманово учествуваа на турнир во Бугарија, во Општина Гоце Делчев, каде го освоија првото место на турнирот „Атанас Карабељов“.
Покрај кадетите на Куманово учествуваа и кадетите на Партизан Гевгелија и Астраион од Струмица. Тимот од Гевгелија го освои 4. место, додека тимот од Струмица го освои 6. место.
МВП на турнирот, односно најкорисен играч беше ракометарот на Куманово, Тино Стојановски. Најдобар стрелец на турнирот беше Васе Зајков од Партизан Гевгелија.
(фото – МРК Куманово)📷