Екипите на Куманово, Партизан Гевгелија и Астраион учествуваа на турнир во Бугарија, каде имаа добри резултати.
Тимот на Куманово го освои 1. место, додека тимот на Партизан Гевгелија 4. место, а Астраион 6. местo.
На овој турнир беа прогласени и најдобрите ракометари. Тинот Стојановски од Куманово беше МВП, односно најкорисен играч, а Васко Зајков од Партизан Гевгелија беше најдобар стрелец.

(фото – МРК Куманово/Рк Партизан Гевгелија)📷