Екипата на Чаир забележа победа на домашен терен во дербито со Металург Автокоманда со конечен резултат 29-23.
Тимот на Чаир од почетокот на натпреварот имаше контрола на резултатот, на полувреме имаше предност од 15-9.
Во второто полувреме продолжи добрата игра на ракометарките на Чаир, па на крај да славата победа против Металург Автокоманда.
Најефикасна во тимот на Чаир беше Теодора Дукоска со 11 погодоци, додека кај екипата на Металург Автокоманда најефикасна беше Михаела Кралева со 7 погодоци.
(фото – ЖРК Чаир)📷