Иако тимот на Вардар 1961 побара одложување на дербито, сепак Еурофарм Пелистер нема да го прифати тој предлог.
Од Еурофарм Пелистер најавија дека сепак постојат услови за одигрување на натпреварот со Вардар 1961.
„Со особена загриженост ја примивме веста за вироза во таборот на нашиот следен противник во групата Б на Суперлигата, Вардар 1961 од Скопје. Изразуваме желби и надеж за што поскоро оздравување и вистинска спортска борба на најдобрите тимови на Еурофарм Пелистер и Вардар 1861 во недела попладне во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола. Според членот 13, став 5 од пропозициите за натпревари во Суперлигата, постојат услови за одигрување на натпреварот Еурофарм Пелистер – Вардар 1961 и ние, како и секогаш, максимално ќе се придржуваме кон пропозициите. Веруваме дека противникот ќе се екипира во потребниот рок, ќе пристигне во Битола и ќе го пречекаме и угостиме како и секогаш – коректно, спортски и во духот на фер-плејот. Спортски поздрав, РК Еурофарм Пелистер“, – стои во соопштението од Рк Еурофарм Пелистер.
(фото – Рк Еурофарм Пелистер)📷