Аеродром го победи составот на Куманово

Екипата на Аеродром го совлада тимот на Куманово со резултат 26-23 во натпревар од Супер лигата.

Тимот на Куманово водеше во текот на целиот натпревар, но сепак Аеродром успеа да се врати и да слави победа.

Најефикасен во тимот на Аеродром беше Наум Костов со 12 гола, додека кај екипата на Куманово најефикасни беа Влатко Тасевски и Јован Даневски со по 5 гола.

(фото – Рк Аеродром)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.