Тимот на Голден Арт забележа победа во дерби натпреварот со тимот на Мулти Есенс со конечни 30-21 во Супер лигата.
До средината на првиот дел се играше гол за гол, потoа момците на Голден Арт направија серија од 6-0 , за на пауза да заминат со резултат 15:10.
Во вторите 30 минути Голден Арт го диктираше темпото и не дозволи резултатско приближување на гостите. Убедливи 9 гола разлика и нови три бода.
Најефикасни во тимот на Голден Арт беа Христијан Милошески, Славе Јанковски и Мице Шилегов со по пет гола, додека кај екипата на Мулти Есенс најефикасни беа Олег Јорданов, Божидар Илиески и Валентин Карасманакис исто така со по пет гола.
(фото – Рк Голден Арт)📷