Екипата на Еурофарм Пелистер забележа победа против екипата на Мулти Есенс со резултат 36-26 во Супер лигата.
Еурофарм Пелистер до паузата обезбеди предност од 17-13. Во второто полувреме продолжи добрата игра на битолскиот тим, па на крај да се радува на триумф.
Најефикасен во тимот на Еурофарм Пелистер беше Павле Петровиќ со 11 погодоци, додека кај екипата на Мулти Есенс најефикасни беа Карасманакис, Узунчев и Димевски со по пет погодоци.
(фото – Рк Еурофарм Пелистер)📷