Марио Стојановски во Вардар 1961 до 2026 година!

Младиот Марио Стојановски кој сезонава е стандарден првотимец во сениорскиот тим на Вардар, а истовремно и дел од младата репрезентација на Македонија го продолжи договорот со „црвено-црните“ до јуни 2026 година.

Со тоа Вардар потврди дека сериозно работи на формирање на состав што ќе биде костур на тимот за следните сезони. Тој е вториот ракометар кој реши да ја продолжи верноста со тимот, по Марко Срдановиќ кој истотака ќе остане до 2026 година во Скопје.

Стојановски игра на позицијата лево крило (20) и се повеќе добива шанса од тренерот Владо Недановски, и истата ја оправдува, со добра игра и голови. Стојановски кој потекнува од Вардар се развива во квалитетен играч, на кого тимот сериозно смета во иднина. Со неговите настапи, во Вардар и во репрезентацијата го покажа раскошниот талент и квалитет што го поседува.

„Воопшто не се двоумев кога Вардар ми понуди нов договор, бидејќи тоа беше мојот сон. Напорно се подготвував за ова што сега го имам, и работев да стигнам до првиот тим. Убеден сум дека и јас и екипата ќе растеме уште повеќе, а резултатите тоа го покажуваат”, – вели Марко Стојановски.

(фото – Рк Вардар 1961)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести