Ракометарките на Ѓорче Петров триумфираа во дербито со Чаир со високи 45-29 во натпревар од Женската Супер лига.
Тимот на Ѓорче Петров немаше проблеми со тимот на Чаир, затоа што и на пауза имаше висока предност од 21-9.
Најефикасна во тимот на Ѓорче Петров беше Анастасија Николовска со 12 погодоци, додека кај екипата на Чаир најефикасна беше Севданур Озкан со 10 погодоци.
(фото – ЖРК Ѓорче Петров)📷