Екипата на Стружанка забележа победа на домашен терен против тимот на Шампион со конечен резултат од 39-33.
Стружанка натпреварот го реши уште на полувреме, кога имаше предност од 21-14. Во второто полувреме тимот од Струга ја завери победата.
Најефикасна во тимот на Стружанка беше Мендувие Далипоска со десет голови, додека кај екипата на Шампион најефикасна беше Анастасија Ѓорѓиева исто така со десет голови.
(фото – ЖРК Стружанка)📷