Екипата на Младост Богданци со победа се враќа од гостувањето во Штип, кај екипата на Текстилец, откако славеше со високи 37-26.
Тимот од Богданци и на пауза имаше висока предност од 19-11. Второто полувреме беше само формалност да биди заверена победата.
Најефикасни во тимот на Младост Богданци беа Ѓорѓе Атанасов и Илија Чрчев со по шест гола, додека кај екипата на Текстилец најефикасен беше Филип Џинес со седум гола.
(фото – Рк Младост 1977 Богданци)📷