Европската ракометната федерација (ЕХФ) ги делегира судиите за второто коло од Лигата на Европа во женска конкуренција.
Во ова второ коло ќе има и судии од Македонија. Станува збор за Виктор Начевски и Даниело Божиновски, каде ќе го судат натпреварот меѓу екипите на Бенсхајм и Олденбург.
Овој натпревар се игра на 11 ноември со почеток во 18:00 часот во градот Бенсхајм (Германија), додека делегат ќе биде Бремер од Полска.
(фото – Архива)📷