Вардар 1961 забележа победа на домашен терен против екипата на Бутел Скопје со 26-20 во заостанат натпревар од 9. коло од Супер лигата.
Тимот на Вардар 1961 од почетокот на натпреварот имаше контрола на резултатот, па до крајот на натпреварот ја сочува предноста.
Најефикасен во тимот на Вардар 1961 беше Марко Срдановиќ со шест гола, додека кај екипата на Бутел Скопје најефикасен беше Бојан Спасовски со шест гола.
(фото – Рк Вардар 1961)📷