Екипата на Младост Богданци забележа сигурна победа против екипата на Астраион со 32-21 во Првата лига.
Тимот од Богданци од почетокот на натпреварот имаше контрола на резултатот, па така немаше проблеми околу победата против Астраион.
Најефикасни во тимот на Младост Богданци беа Ѓорѓе Атанасов и Илија Чрчев со по шест голови, додека кај екипата на Астраион најефикасен беше Васе Наков со пет голови.
(фото – Рк Младост 1977 Богданци)📷