Поделени бодовите меѓу Аеродром и Скопје во Супер лигата

Екипите на Аеродром и Скопје 2020 одиграа нерешено со резултат 22-22 во натпревар од Супер лигата.

Исто и на пауза беше нерешено со 10-10. Резултатот се движеше гол за гол, па така и на крајот заврши нерешено.

Најефикасни во тимот на Аеродром беа Наум Костов и Илија Мелоски со по седум гола, додека кај Скопје најефикасен беше Марио Мишевски со шест гола.

(фото – Рк Аеродром) 📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.