Ракометарките на Ѓорче Петров забележаа убедлива победа против тимот на Скопје со високи 40-18 во натпревар од 8. коло од Женската Супер лига.
Тимот на Ѓорче Петров победата ја обезбеди уште во првото полувреме, кога на пауза имаше високи 21-9.
Најефикасна во тимот на Ѓорче Петров беше Емилијана Ризоска со 12 погодоци, додека кај екипата на Скопје најефикасна беше Нина Неделковска со 7 погодоци.
(фото – ЖРК Ѓорче Петров)📷