Неговото враќање дома е прекрасна вест за клубот и градот. Филип Кузмановски денес официјално беше претставен како нов ракометар на Еурофарм Пелистер.
Тој позираше во зелено-белиот дрес со број 18, во друштво на спортскиот директор и тренер на екипата, Бранислав Ангеловски.
Кузмановски пред медиумите, партнерите, спонзорите и пријателите на клубот го изрази задоволството од враќањето во својот матичен клуб.
Клубот го пријави Филип Кузмановски за натпреварите во Лигата на шампионите и негово деби се очекува во среда против Пик Сегед во Битола.