Ракометарките на Куманово ја освоија Битола, откако го совладаа тимот на Пелистер со 23-15.
Тимот на Куманово водеше во текот на целиот натпревар, на пауза беше 11-5. Во второто полувреме беше заверена победата против Пелистер.
Најефикасна во редовите на Куманово беше Сузана Зечевиќ со седум голови, додека кај екипата на Пелистер најефикасна беше Сара Рујановска со шест голови.
(фото – ЖРК Куманово)📷