Се комплетираше 4. коло од кадетската лига во женска конкуренција, каде победи остварија Стружанка, Вардар, Ѓорче Петров и Илинден Вардар.
Вардар славеше против тимот на Гевгелија со 19-14. Тимот на Ѓорче Петров беше сигурен против составот на Јехона со високи 35-18.
Натпреварот меѓу Илинден Вардар и Чаир беше прекинат во 57. минута при резултат од 26-25 за домашната екипа, каде гостинската екипа го напушти натпреварот што не беше задоволна од судиската двојка на овој натпревар.
Кадетска лига (жени), 4. коло, групна фаза, резултати:
ЖРК Ѓорче Петров 35-18 ЖРК Јехона
ЖРК Гевгелија 14-19 ЖРК Вардар
ЖРК Стружанка 35-20 ЖРК Делчево
ЖРК Илинден Вардар 26-25 ЖРК Чаир прекината
(фото – ЖРК Вардар)📷