Еурофарм Пелистер поднесе жалба до ЕХФ за судиската двојка со Пик Сегед

Екипата на Еурофарм Пелистер поднесе жалба до ЕХФ за судиската двојка на натпреварот со Пик Сегед во Лигата на шампионите.

“РК Еурофарм Пелистер во склоп на својата транспарентна и отворена врска со своите приврзаници ја информира јавноста дека поднесе официјална жалба на арбитражата на француските судии Карим и Рауф Гасми на натпреварот од осмото коло од групата А на Лигата на шампионите против ПИК Сегед. Сметаме дека нашиот клуб не доби адекватен третман во текот на целиот натпревар, делењето на правдата не беше соодветно на степенот на натпреварувањето и одлуките на судиите директно влијаеја на конечниот резултат и финалниот исход. Клубот го искористи своето право да се обрати до Европската ракометна федерација (ЕХФ) и неговата судиска организација и да побара одговорност од делителите на правдата. Оваа жалба е одговорност кон нашите професионалци во клубот, армијата навивачи на Еурофарм Пелистер и македонскиот ракомет кој го претставуваме”, – стои во соопштението на Еурофарм Пелистер.

(фото – Рк Еурофарм Пелистер)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.