Денеска во просториите на Ракометната федерација на Македонија беше извршена ждрепката за елиминациското коло во Купот на Македонија во машка конкуренција.
Екипата на Вардар 1961, како актуелен освојувач на Купот на Македонија директно е пласиран во групната фаза.
15 победници од оваа фаза обезбедуваат пласман во групната фаза во Купот на Македонија, каде ќе се игра осминафинале и четвртфинале. Победниците од групна фазата обезбедуваат пласман на завршниот турнир.
Куп на Македонија (мажи), елиминационо коло:
Рк Еурофарм Пелистер – Рк Шампион
Рк Драчево – Рк Алкалоид
Рк Партизан Гевгелија – ГРК Тиквеш 2014
Рк Бутел Скопје – Рк Македонија Ѓорче Петров
Рк Младост 1977 Богданци – ГРК Охрид
Рк Еурофарм Пелистер 2 – ГРК Овче Поле 1958
Рк Тинекс Пролет – ГРК Борец
Рк Голден Арт – Рк Аеродром
Рк Астраион – Рк Струга
Рк Јехона – Рк Прилеп
МРК Куманово – Рк Текстилец
Рк Металург РА – Рк Скопје 2020
Рк Кичево 2020 – Рк Вардар Неготино
Рк Преспа 2015 – Рк Радовиш
Рк Бисинов Фруит Ленд – Рк Мулти Есенс
(фото – РФМ)📷