Екипата на Ѓорче Петров забележа лесен триумф против Овче Поле Славјански Универзитет со 45-20 во заостанат натпревар од 9. коло во Женската Супер лига.
Тимот на Ѓорче Петров победата ја обезбеди уште во првото полувреме, кога на пауза имаше предност од 22-11.
Најефикасна кај екипата на Ѓорче Петров беше Катерина Дамјановска со осум гола, додека кај Овче Поле Славјански Универзитет најефикасна беше Јована Конева со седум гола.
(фото – ЖРК Ѓорче Петров)📷