Екипата на Металург Автокоманда забележа победа против Вардар во дерби натпревар од Женската Супер лига со минимални 25-24.
Иако на полувреме Металург Автокоманда имаше предност од 14-11, сепак во второто полувреме беше неизвесно и драматично до крај.
Најефикасна кај Металург Автокоманда беше Теодора Гулицоска со 10 гола, додека кај екипата на Вардар најефикасна беше Ивона Трпевска со 13 гола.
(фото – ЖРК Металург Автокоманда)📷