Екипата на Радовиш забележа победа против екипата на Македонија Ѓорче Петров со резултат 31-23.
Радовиш од почетокот на натпреварот беше во водство, на пауза замина со 16-10. Во второто полувреме ја завери победата против Македонија Ѓорче Петров.
Најефикасен во редовите на Радовиш беше Васе Петров со девет гола, додека кај екипата на Македонија Ѓорче Петров најефикасни беа Живко Петровски и Марко Станојоски со по пет гола.
(фото – Рк Радовиш)📷