Селекторот на машката младинска репрезентација Раде Стојановиќ, го објави списокот на повикани ракометари за турнирот “Трофеј Карпати”.
На овој список повикани се 18 ракометари. Младинците на Македонија се во група со Словачка, Романија и Саудиска Арабија.
„Трофеј Карпати“ ќе се одржи од 15 до 17 декмеври. Собирот на младинската репрезентација е закажан за на 13 декември во 22:30 часот.
Повикани ракометари: Иван Галевски, Давид Брестовац, Никола Ристевски, Марио Стојановски, Тодор Узунчев, Томислав Димковски, Андреј Стојановски, Петар Стојановски, Дамјан Митев, Давид Димевски, Славчо Шулески, Мирче Калајџиески, Ненад Белистојаноски, Димитар Узунчев, Христијан Стаменковиќ, Самоил Ристевски, Валентин Карасманакис и Дејан Михајловиќ.
(фото – РФМ)📷