Охрид успешен против Младост Богданци во Купот на Македонија

Екипата на Охрид забележа убедлива победа против тимот на Младост Богданци со резултат 34-19 во Купот на Македонија.

Тимот на Охрид победата ја обезбеди уште во првото полувреме, кога на полувреме имаше предност од 20-9.

Најефикасен кај Охрид беше Деан Шешиќ со седум гола, додека кај Младост Богданци најефикасен беше Антонио Николоски со шест гола.

(фото – ГРК Охрид)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.