Тинекс Пролет подобар од Бутел Скопје

Екипата на Тинекс Пролет го совлада тимот на Бутел Скопје со конечни 22-20 во натпревар од Супер лигата.

Тинекс Пролет го имаше првото водство при 2-1, по што Бутел ја презеде контролата над резултатот, за првпат поведувајќи со два гола разлика (4-6). Јовиќ побара тајмаут, по што домашниот тим ја крена играта и во нападот и во одбраната, набрзина враќајќи ја контролата над резултатот, поведувајќи со 8-7.

Тинекс Пролет имаше предност од 11-9, потоа и од 13-11, но Бутел постигна два гола пред крајот на полувремето и на одмор се замина со израмнети 13-13. 

Второто почлувреме почна со апсолутна доминација на Тинекс Пролет откако „пулените“ на Јовиќ тргнаа фуриозно, експресно поведувајќи со 18-13. Гостите успеаја да се вратат, се изборија за неизвесен финиш, но Василевски беше расположен кога беше најважно, постигна два гола во клучните моменти и донесе победа на Тинекс Пролет.

Кај екипата на Тинекс Пролет најефикасен беше Ласко Андоновски со пет гола, додека кај Бутел Скопје најефикасен беше Дејан Михајловиќ со седум гола.

(фото – Рк Тинекс Пролет)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести