Екипата на Текстилец забележа лесна победа против тимот на Преспа Вардар со 37-25 во натпревар од Првата лига.
Тимот на Текстилец и на пауза имаше висока предност од 22-13. Во второто полувреме тимот од Штип продолжи со водството, за на крај да слави победа против тимот од Ресен.
Најефикасен кај екипата на Текстилец беше Дарио Јорданов со 14 погодоци, додека кај Преспа Вардар најефикасен беше Александар Филиповски со 8 погодоци.
(фото – Рк Текстилец)📷