Екипата на Металург Автокоманда славеше на гостувањето кај Стружанка со високи 34-18 во Женската Супер лига.
Составот на Металург Автокоманда од почетокот на натпреварот го презеде водството, па до крајот на натпреварот имаше контрола на резултатот.
Најефикасна во редовите на Металург Автокоманда беше Марија Гугуљанова со 14 погодоци, додека кај Стружанка најефикасна беше Мендувие Далипоска со 7 погодоци.
(фото – ЖРК Металург Автокоманда)📷