Ракометарките на Деспина забележаа победа против екипата на Пелистер со конечен резултат 25-19 во Женската Супер лига.
Тимот на Деспина и на пауза имаше предност од 14-11. Во второто полувреме Деспина продолжи со водството, па на крај да се радува на победа против Пелистер.
Најефикасна во редовите на Деспина беше Мери Гичева со пет гола, додека кај Пелистер најефикасна беше Моника Босилковска со девет гола.
(фото – ЖРК Деспина)📷