Екипата на Ѓорче Петров славеше во дербито со тимот на Вардар со конечни 31-27 во Женската Супер лига.
Иако на пауза беше нерешено со 19-19, сепак во второто полувреме Ѓорче Петров успеа да направи предност.
Најефикасни во тимот на Ѓорче Петров беа Ана Марија Коларовска и Анастасија Николовска со по седум гола, додека кај екипата на Вардар најефикасна беше Ивона Трпевска со осум гола.
(фото – ЖРК Ѓорче Петров) 📷