Овче Поле Славјански Универзитет ги освои бодовите против Гевгелија

Екипата на Овче Поле Славјански Универзитет забележа победа против тимот на Гевгелија со 22-15.

Тимот од Свети Николе победата ја обезбеди уште во првото полувреме, кога на пауза имаше предност од 13-3.

Најефикасни кај екипата на Овче Поле Славјански Универзитет беа Наталија Манева и Јована Конева со по седум гола, додека кај Гевгелија најефикасна беше Елена Димова исто така со седум гола.

(фото – ЖРК Овче Поле Славјански Универзитет)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.