Еурофарм Пелистер стартуваше со подготовки (ФОТО)

Еурофарм Пелистер денес ги започна подготовките за вториот дел од сезоната. Под водство на стручниот штаб и тренерот Бранислав Ангеловски ракометарите го одработија првиот тренинг.

Девет репрезентативци од клубот се дел од Европското првенство, а Калифа Гедбан се подготвува за Африканскиот Куп на нации. Тие ќе се приклучат кон подготовките по завршувањето на континентналните натпреварувања.

Екипата деновиве ќе тренира во спортската сала „Боро Чурлевски“, а по комплетирањето предвидени се неколку контролни натпревари. Разигрувањето за титулата почнува во втората недела од февруари 2024 година.

(фото – Рк Еурофарм Пелистер)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести