Суперлигашот Еурофарм Пелистер 2 повторно е во тренажен процес (ФОТО)

Суперигашот Еурофарм Пелистер 2 повторно е во тренажен процес. Тренерот на екипата Михаил Петровски вчера официјално прозиваше во спортската сала „Боро Чурлевски“, со што се означи почеток на пролетната полусезона од шампионатот 2023/24.

Со истиот ростер со кој ја заврши групната фаза на Суперлигата, Еурофарм Пелистер 2 ги започна подготовките за плеј-аутот. Ново име е само 18-годишниот десен бек Бојан Гичев, кој во клубот доаѓа од тимот на Овче Поле од Свети Николе.

Екипата ќе тренира секојдневно во Битола, а кон крајот на месецот предвидени се контролни натпревари со Еурофарм Пелистер и уште неколку суперлигаши. Плеј-аутот официјално стартува во втората недела од февруари 2024 година.

(фото – Рк Еурофарм Пелистер 2)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.