ТРАНСФЕР БОМБА: Дејан Манасков е нов ракометар на Еурофарм Пелистер!

Неговото презиме предизвикува емоција кај армијата навивачи на битолскиот тим. Манасков пак ќе постигнува голови во дресот на Пелистер.

Дејан Манасков е нов член на Еурофарм Пелистер и од денес им се става на располагање на новите соиграчи и членовите на стручниот штаб. Левото крило со богата интернационална кариера целосно се вклопува во мозаикот на тим сочинуван од најдобрите македонски ракометари и елитни странци. 31-годишниот Манасков поникна во Металург, ги носеше дресовите на Вецлар, Рајн Некар Левен, Веспрем и Вардар 1961, а со македонската репрезентација беше дел од сите успеси во последната една деценија.

Дејан Манасков беше првак на Македонија и Унгарија, неколку пати играше на завршниот турнир на Лигата на шампионите во Келн во дресот на Веспрем, ја освојуваше СЕХА лигата, а во својата витрина има многу индивидуални признанија.

Манасков првиот тренинг со новите соиграчи ќе го има утре, а првиот официјален натпревар е предвиден на почетокот на плеј-офот во февруари.

(фото – Рк Еурофарм Пелистер)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести