Марија Илиева и Силвана Карбеска ќе судат натпревар од Лигата на шампионите во женска конкуренција

Европската ракометна федерација (ЕХФ) ги делегираше судиите и делегатите за 12. коло од Лигата на шампионите во женска конкуренција.

Македонските судии Марија Илиева и Силвана Карбеска ќе го судат натпреварот меѓу екипите на Битигхајм и Дебрецин, додека делегат ќе биде Уд од Финска.

Овој натпревар се игра на 4. февруари од 14:00 часот во Германија, во градот Лудвигсбург.

(фото – ЕХФ)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести