Селекторот на женската сениорска ракометна репрезентација, Кристијан Грчевски го објавува поширокиот список на ракометарки за претстојните натпревари со репрезентацијата на Шпанија за квалификациите за пласман на ЕП 2024 година.
Досега во квалификациите нашата сениорска женска репрезентација запиша две победи во исто толку натпревари.
Во првото квалификациско коло сениорките запишаа убедлива победа на домашен терен против репрезентацијата на Азербејџан, а во следното коло запишаа и гостинска победа против репрезентацијата на Литванија.
Сениорките прво ќе одиграат натпревар на домашен терен во СЦ “Борис Трајковски”, во Скопје на 29 февруари во 18:00 часот, а потоа ќе гостуваат во Шпанија во градот Ланцароте. Натпреварот ќе се одигра на 3 март во 17:00 часот.

(фото – РФМ)📷